| четврток, 6 декември 2018 |

Николиќ: Ни правно ни фактички не го признавме Косово

tomislav_nikolic

Србија ни правно ни фактички не ја призна независноста на Косово – посочи српскиот претседател Томислав Николиќ пред Генералното собрание во Обединетите нации. Според него спогодбата со Приштина никако не значи дека Белград има намера да го прифати приемот на Косово во ОН и во други меѓународни организации.

– Србија сега се свртува кон иднината и со сите соседи сака да изгради добри односи и со нив да соработува за унапредување на животниот стандард на граѓаните во сите земји од регионот, рече Томислав Николиќ.

Србија може да се натпреварува со сите соседи кога станува збор за заштита на човековите права. Во сето останато треба да соработуваме, да се помагаме и да се поттикнуваме за подобри резултати, нагласил тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top