
Новото име кое е откриено дека местел натпревари во италијанското првенство во медиумите го доби прекарот Мистер X, и за сега властите на “чизмата“ не му го откриваат идентитетот. Мистер X е човекот со кого поранешниот српски фудбалер Алмер Гегиќ се среќавал во хотел во Милано и кој му давал контакти од фудбалери кои се лесно поткупливи.
Инаку Ѓегиќ кој околу два месеца се наоѓа во притвор бил повторно на сослушување кај обвинителот на Кремона Роберто Ди Мартино, кој го води големиот скандал со местење натпреварти познат како „Калчоскомесе”. Со откривањето на идентитетот на за сега непознатиот местач во јавноста, италијанските власти веруваат дека ќе придонесе да се откријат и други имиња.

Алмер Гегиќ е поранешен фудбалер кој кариерата ја заврши во Кјасо, екипа од пониските швајцарски лиги. Тој беше дел од групата на посредувачи наречени „Ѕингари” што во превод значи цигани. Нивната задача била да потплатат одредени италијански фудбалери кои ќе треба да ги местат резултатите по желба на мафијата.
Според истрагата на италијанската полиција еден од најблиските соработници на Гегиќ бил фудбалерот на Кремонезе, Карло Гервасони кој е дисквалификуван во фудбалот во наредните 7 години. Според исказите на Гервасони, Гегиќ откако во 2009 година ги кроел резултатите во Швајцарија, стапил во контакт со италијански фудбалери преку кои успеал да ги мести натпреварите во првата и втората италијанска лига, вклучувајки го и купот.

Италијанските медиуми при апсењето на Алмир Гегиќ пишуваа дека тоа може да помогне во истрагата да се пронајде и македонскиот државјанин Христијан Илиевски кој го сметаат за шеф на групата „Цигани”.
Скандалот „Калчоскомесе” беше разоткриен минатата година во јуни, а истрагата се одвиваше во неколку фази. Дел од најзвучните имиња кои беа вмешани и добија неколку годишна суспензија во фудбалот, се поранешните италијански репрезентативци Џузепе Сињори и Кристијано Дони. Последната фаза во истрагата која во мај годинава со јавноста ја сподели обвинителството на Кремона, ја покажа целата криминална мрежа.
Извор:
http://off.net.mk/offside/fudbal/mech-vo-italija-se-kupuva-za-600-iljadi-evra
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


