Француската Влада не успеа да прекине маѓепсан круг на присилно протерување Роми кое сега е на рекордно ниво, наведува Амнести интернешнал во најнов извештај.
Според нив, во првата половина од 2013 година повеќе од 10 илјади Роми се исфрлени од нивните неформални населби во Франција.
Тоа е околу половина од вкупниот број имигранти кои во Франција дошле од Романија, Бугарија и од просторите на поранешна Југославија.
Висок француски официјален претставник денеска се обиде да ја одбрани таквата политика наведувајќи дека Франција нема обврска да прифаќа луѓе кои не можат самите да се издржуваат.
Според правилата кои би требало да стапат на сила од јануари идната година, Романци и Бугари ќе може да патуваат без пасоши во 26 држави од Шенген-зоната. Неодамна тој датум е доведен во прашање, јавуваат западни медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.