| четврток, 6 декември 2018 |

Нема среќа за Деари, изгуби во првото коло

Шендрит Деари, откако успешно ги мина квалификациите, застана во 1. коло од фјучрс-турнирот во Сокобања. Нашиот тенисер е елиминиран од првиот носител Марк Рат од Австрија (388.) со 6:3, 6:4 и со тоа го заврши настапот на турнирот

 

Шендрит Деари (Фото: Македоснки спорт)

 

 Вториот македонски претставник Димитар Грабул, кој е четврти носител во Сокобања, има слободен ден, додека утре ќе се соочи со Србинот Дејан Катиќ (863.). Грабул и Катиќ годинава првпат ќе ги одмерат силите, додека српскиот тенисер сезонава двапати славеше над нашиот Томислав Јотовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top