| четврток, 6 декември 2018 |

ФИБА ќе ги менува условите на натпреварувањето

ФИБА Европа сериозно размислува за да го измени системот на натпревари на Евробаскет, што првпат треба да добие примена во 2017 година

fiba-logo

На штотуку завршениот Евробаскет 2013 во Словенија цела Европа се смееше на дел од натпреварите од втората фаза, на кои репрезентациите калкулираа со своите резултати, за да си ги одберат противникот во нокаут-фазата. Токму оваа втора фаза на натпревари нема да постои, најавува францускиот весник „Лекип“.

На Евробаскет 2017 се планира репрезентациите да бидат поделени во четири групи по шест репрезентации, а првите четири селекции од секоја група, во согласност со пласманот, веднаш да заминат во нокаут-фазата, каде што ќе почнат осминафиналните натпревари. Со ова ќе се скрати можноста за калкулации при формирањето на групите во втората фаза, каде што селекциите пренесуваат бодови од првата фаза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top