| четврток, 6 декември 2018 |

Која е совршената температура на пивото?

Расправиите која температура на пивото е совршена се стари колку и пивото, но, сепак, се работи за различни навики на луѓето.

Некои го сакаат многу ладно, речиси смрзнато, како, на пример, во САД, додека, пак, во Британија го пијат на собна температура, некои, пак, се меѓу.

Најбитно е пивото да не се лади брзо или топли бидејќи така го губи вкусот.

Идеалната температура за служење на пивото е околу 8 степени. Топлото пиво прави многу пена, се губи освежувачкиот јаглерод диоксид и пивото има блуткав вкус. Многу ладното пиво е матно и го губи природниот сјај и не држи пена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top