По смртта на рабинот Филип Берг, еден од попознатите лидери на нејзината религија, поп-кралицата за прв пат беше видена како излегува од еврејска прослава во Беверли Хилс со нејзините деца, каде што ги изненади папараците со нејзиното вкочанетото лице.
Според дел од присутните, пејачката сакала навидум да изгледа ожалостено, но сепак ефектите од големиот број на третмани премногу биле воочливи.
Имајки предвид дека славната пејачка има 55 години и се потешко се справува со брчките , таа не сака да се откаже и достоинствено да признае дека е време да го забави темпото. Барем кога се работи за бројните естетски хирургии, со кои во потполност го изменува своето лице.
Популарната пејачка многу често оди на ботокс, хемиски пилинг и сè она што ќе направи да изгледа помлада и посвежа. Но конечниот резултат е вкочанетост на лицето
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.