Најблиските пријатели на познатиот актер Џим Кери, кој сме навикнати да го гледаме во комедии, се загрижени за него. Се зборува дека тој е на работ на нервен слом поради кариерата и љубовниот живот.
„Џим страда од тешка депресија. Се однесува како брод без компас и ништо не го интересира“, пишуваат американските медиуми.
Освен тоа што актерот има проблеми со кариерата, тој има и љубовни проблеми и не може да ја преболи поранешната девојка Џени МекКартни.
„Џим мислеше дека тоа што го имаат со Џени ќе трае засекогаш. Се поврза со нејзиниот син Еван, а сакаше да има и деца со неа, но не успеаа. Тој навистина бара љубов. Поминува низ тежок период“, велат неговите пријатели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.