| четврток, 6 декември 2018 |

Галатасарај му врачи отказ на Фатих Терим

Поради разочарувачкиот старт на сезоната Галатасарај вечерва го отпушти тренерот Фатих Терим. На Терим вечерва на управниот одбор му е изгласана недоверба, па така Галатасарај ќе мора да бара нов тренер кој ќе ја води екипата во наредниот период. Интересно е што Терим пред само неколку недели потпиша продолжување на договорот.

Фатих Терим е новиот селектор на Турција, па нема многу тешко да му падне врачувањето на отказот.

Галатасарај со Tерим во првите четири кола освои само шест бодови во турскиот шампионат, а на стартот на Лигата на шамипоните доживеа дебакл на домашен терен од Реал Мадрид со 1-6.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top