| четврток, 6 декември 2018 |

Французин ја задавил 80 годишната сопруга- имала нов љубовник

francija policija83-годишен Французин ја задавил својата 80-годишна сопруга откако таа му признала дека има нов љубовник.

Шокантниот инцидент се случил во париско предградие во саботата попладне. Според извештаите, осумдесетгодишните сопружници се шетале во градината на резиденцијата каде живееле во париското предградие. Додека шетале, жената му соопштила на мажот со кого била во брак неколку децении, дека има друг љубовник. Мажот збеснал и неколкупати ја удрил со тупаница во главата. Жената грабнала јаже и се заканувала дека ќе се самоубие, ако тој не престане да ја напаѓа. Но, сопругот го стегнал јажето околу нејзиниот врат и ја задавил жената. Тој веднаш бил притворен, а поведена е постапка за убиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top