Ако сте решиле да му се пуштите на фраерот што го меркате подолго време, проверете ја прво временската прогноза.
Заклучокот на истражувањето на еден француски универзитет е дека времето многу влијае врз нашата способност за флертување.
Во опитот бил вклучен млад згоден фраер кој требало да шета низ град и да им се пушта на девојките кои ќе ги сретне и да им земе број. Во деновите кога било сончево тој имал неверојатен успех, а во облачните денови останувал со куси ракави. Така, истражувачите од францускиот универзитет дошле до уште една потврда дека сонцето и убавото време влијаат на нашето расположение.
Што мислите, имаат ли право?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


