| четврток, 6 декември 2018 |

Пробајте ги овие тактики за заведување

Светлата се благо затемнети, а вие соблекувавте парче по парче од вашата гардероба кога имавте секс прв пат. Вратата од тоалетот секогаш ја затворавте во текот на првата година од врската. Тој имаше вистинска битка за да ги помилува вашите облини и речиси секогаш ја имаше честа да ве види во совршена долна облека.

флерт

Но откако поминавте години заедно сега воопшто не ви е проблем да ве види во бели гаќи, слични на оние од баба ви, па дури и со крилцата од влошката отстрана.

Гола во креветот, постојано не!

И да бидете комплетно разголена пред него со дрзок и самоуверен став при сексот е дефинитивно задоволство плус, да бидете разголена пред него секој ден одзема од возбудата затоа што тој секој ден има се послужено на тацна.

Одржувајте мистерија!

Доколку вашиот партнер постојано ги гледа вашите гради, тоа ќе ја убие фантазијата и тој повеќе нема да замислува како ја кине блузата од вас за да дојде до она што е под неа. Дури и да сте со некој долго време, мора да одржувате зрак на мистерија околу вас.

Па така кога ќе излезете од тушот, завиткајте се со пешкир за да не ве гледа гола. Вашите градници не ги изложувајте на првата жица пред неговиот видик, туку сокријте ги одзади, па во фиоката за да ги доживува како нешто поврзано со вашето жешко тело, а не како дел од алиштата за перење.

Дискретно заведување!

Иако е секси од време на време да го изненадите со некоја дрска порака како „Сакам да те почувствувам во мене“, често е добро и подискретно да пристапите за повеќе да го возбудите.

Една Французинка повеќе би играла на начинот да му испрати фотографија од нејзиниот малку разголен колк со известување дека ова е само најава за она што следува.

Секој ден посебен парфем и посебна долна облека!

Скапите парфеми и луксузната долна облека не ги чувајте само за посебни пригоди, Французинките нив ги користат во секојдневниот живот. Носењето секси гаќички прави да се чувствувате посекси, а како резултат на тоа вие се однесувате позаводливо.

Парфемот пак кажува многу за вашата личност, па одберете впечатлив парфем и вашиот партнер ќе ве поврзува вас со овој сензуален мирис.

Мамете со поглед!

Кој е изгледот што пленува? Замислете ја Анеџелина Џоли на црвениот тепих, тоа е она вистинското. Застанувате, фрлате поглед на неколку секунди, се Насмевнувате со умерена дискретна насмевка и потоа продолжувате.

Можеби ова го користевте на почетокот со вашиот партнер, но тоа е совршено за секој период од врската. Вие го задевате и му ја покажувате желбата да бидете само со него, а тоа прави да посакува да ве одвлече во креветот, уште истата секунда.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top