| четврток, 6 декември 2018 |

Мали трикови за успешно да го заведете

Сакате да го заведете секој маж што ќе ви се допадне? Тогаш е време да испробате неколку трикови за заведување со кои сигурно нема да останете незабележани.

flert-V

Кога бирате облека за излегување никогаш не ставајте повеќе од две бои на себе. Ако сакате да бидете секси, одлучете се за мал црн фустан со неколку интересни детали.

Ако сакате секој маж да “падне” пред вас, време е да облечете високи потпетици, дури и ако инаку воопшто не ги носите. Кога сте на високи потпетици се движите сосема поинаку или кажано на друг начин, се движите така што на секој маж ќе му “паднете” во очи.

Ако сакате да истакнете одредени делови од вашето тело, слободно сторете го тоа, но за да заведете некој маж не ви треба баш многу длабоко и невкусно деколте, буквално до папокот. Доволно е само малку да ги покажете рамената.

Научниците заклучиле дека во генетската меморија на мажите е врежано да бараат покрупни жени кога подолго време чувствуваат глад, бидејќи нивната градба асоцира на поголема достапност на храна. Па така, ако сте жена со облини, дајте му шанса да ве запознае на “гладно срце” и празен желудник, тогаш сигурно ќе му изгледате попривлечно.

Говорот на телото може да укаже на многу нешта. Луѓето кои гледаат некаква романтична иднина со човекот спроти себе многу почесто се смешкаат, прават обиди за незабележливи допири и често се навалуваат кон соговорникот. Тие пак што гледаат страстна и кратка врска, често го покажуваат јазикот и си ги оближуваат усните.

Исто така, наместо да се опуштите од самиот почеток на вечерта, глумете дека сте незаинтересирани. На тој начин повеќе ќе го заинтргирате потенцијалниот партнер и ќе му дадете време да покаже дали воопшто му се допаѓате или не. Започнете да го покажувате вашиот шарм подоцна во текот на вечерта.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top