| четврток, 6 декември 2018 |

Харуки Мураками фаворит за Нобелова награда

Јапонскиот писател Харуки Мураками повторно е фаворит за Нобеловата награда за книжевност. Ваква прогноза е објавена на водечките сајтови за обложување, еден месец пред да биде соопштен годинашниот добитник на најпрестижното книжевно признание од Комитетот за Нобеловата награда.

Најпознатиот современ јапонски писател, кој меѓудругото, ги напиша романите „Норвешка шума“, „Играј, играј, играј“ и „IQ84“, со години е потенцијален добитник на „нобелот“.

Мураками во април го објави новиот роман, со наслов „Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години поминати на аџилак“, кој поради огромниот интерес е испечатен во милион примероци.

Идната година, пак, треба да биде објавен во превод на англиски и на француски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top