Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ќе го објави на 30 септември новиот „пакет за демократизација“ на владата, вклучувајќи го и за стартувањето на втората фаза од процесот за решавање на хроничниот курдски проблем, соопшти агенцијата Анадолија.
Премиерот истакна дека станува збор за исклучително важен чекор, мотивирана во името на нацијата, што влијае на сите 76 милиони турски граѓани и е насочен кон братството меѓу одделните етноси и религии. Ердоган не ја пропушти можноста да обрне внимание на провокациите во одделни турски провинции и обидите за дестабилизација на ситуацијата во земјата преку ескалацијата на етничката и верска спротивставеност, посочи уште агенцијата Анадолија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.