На парламентарните избори во Германија одзивот на избирачите до 14 часот изнесувал 41,4 проценти. Притоа не се земени предвид граѓаните коишто гласаат со писмо, јавува „Дојче веле“. Во дел од последните анкети пред изборите мала предност имаа владејачките партии, во дел – опозицијата. Набљудувачите се единствени само во ставот дека улога на фаворит без сомневање има канцеларката Ангела Меркел. Таа може да се надева nа уште четири години на врвната позиција во Владата, со кој и да е коалиционен партнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.