| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи: Не мо­же не­кој друг да ми ка­жу­ва ка­кви ќе би­дат ба­ра­ња­та на Ал­бан­ци­те

Ста­во­ви­те и по­ли­ти­ки­те на ДПА се це­лос­но раз­лич­ни од оние на СДСМ и не­ма­ат до­пир­ни точ­ки. ДПА има по­и­на­кви аген­ди и не смее да си доз­во­ли да би­де смеш­на ка­ко не­кои дру­ги ма­ли по­ли­тич­ки пар­тии. Од овие при­чи­ни ДПА из­ле­гу­ва од опо­зи­ци­ски­от блок и сво­ја­та бор­ба по­на­та­му ќе ја про­дол­жи са­ма. Ова во ин­терв­ју за ра­ди­о­то Сло­бод­на Евро­па го ве­ли Мен­дух Та­чи, ли­дер на ал­бан­ска­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја ДПА.

– Јас сум шеф на ал­бан­ска­та опо­зи­ци­ја, не мо­же не­кој друг ме­не да ми би­де шеф и да ми ка­жу­ва ка­кви ќе би­дат ба­ра­ња­та на Ал­бан­ци­те. Ние сме со­се­ма по­и­на­кви и има­ме раз­лич­на аген­да. Не сме­е­ме да би­де­ме смеш­ни ка­ко не­кои дру­ги ма­ли по­ли­тич­ки пар­тии. Ако за вас е при­о­ри­тет да по­ка­жу­ва­те во Пар­ла­мент бо­реч­ки ве­шти­ни, за ме­не е при­о­ри­тет ал­бан­ски­от ја­зик, бу­џе­тот на др­жа­ва­та, кој се од­не­су­ва ди­скри­ми­на­тор­ски кон Ал­бан­ци­те, и за­тоа ние мно­гу се раз­ли­ку­ва­ме. Не­мам ни­што про­тив, ВМРО мо­же да ја прет­ста­ву­ва ДУИ за­тоа што тие се за­ед­но во ко­а­ли­ци­ја и за­тоа што тие се за­ед­но ед­на вла­да, а што има­ме ние за­ед­нич­ко со СДСМ? Ние не ус­пе­ав­ме ни­што да се до­го­во­ри­ме со нив – по­со­чу­ва Та­чи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top