| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: Се навикнав на критики

Нема земја во Европа во која градежништвото има пораст, а не, пак, пораст од 33 проценти како во Македонија. Тоа не е случајно. Тоа е резултат на изборот на оваа Влада, која форсира капитални инвестиции од буџетот во сите сфери. Тие создаваат работа не само за градежните компании, туку и за стотици мали фирми, кои се подизведувачи

zoran-stavreski-1

Ма­ке­до­ни­ја ќе ги до­стиг­не про­е­кти­ра­ни­те стап­ки на по­раст на БДП од два про­цен­та, со ре­ал­на мож­ност да би­дат над­ми­на­ти – ве­ли во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ ми­ни­сте­рот за фи­нан­сии, Зо­ран Ста­вре­ски. Тој откри­ва де­ка под­го­то­вка­та на Бу­џе­тот за 2014 го­ди­на е во за­врш­на фа­за. Про­ек­ци­и­те за бу­џет­ски­те при­хо­ди се зас­но­ва­ат врз про­е­кти­ра­на­та стап­ка на по­раст на еко­но­ми­ја­та од 3,2 про­цен­ти. Пр­ви­от фи­нан­си­ер ве­ли де­ка др­жав­на­та ка­са е во до­бра кон­ди­ци­ја. За биз­ни­сот има до­бри ве­сти од Европ­ска­та ин­ве­сти­ци­ска бан­ка. От­та­му до но­ем­ври ќе стиг­нат но­ви 100 ми­ли­о­ни евра све­жи па­ри. Ста­вре­ски ве­ли де­ка во тек се пре­го­во­ри со нај­мал­ку шест ком­па­нии со кои оче­ку­ва пот­пи­шу­ва­ње до­го­во­ри за ин­ве­сти­ра­ње во Ма­ке­до­ни­ја.

– Пре­диз­ви­ци­те се уште по­го­ле­ми ко­га се криз­ни вре­ми­ња, а тре­ба да се обез­бе­дат до­вол­но средс­тва за на­вре­ме­на исп­ла­та на пла­ти, пен­зии, со­ци­јал­на по­мош, суб­вен­ции за зем­јо­дел­ци­те, ам­би­ци­оз­на­та про­гра­ма на Вла­да­та за ка­пи­тал­ни про­е­кти, и при­тоа да се за­др­жи ни­зок бу­џет­ски де­фи­цит и уме­рен др­жа­вен долг. За­тоа, нор­мал­ни се и по­фал­би­те и кри­ти­ки­те. Чо­век на оваа функ­ци­ја мо­ра да се на­вик­не на кри­ти­ки­те и да ги при­ма кон­стру­ктив­но и по­зи­тив­но, сѐ до­де­ка се ар­гу­мен­ти­ра­ни – ве­ли ви­це­пре­ми­е­рот и ми­ни­стер за фи­нан­сии. Тој наг­ла­су­ва де­ка има огром­на мо­ти­ва­ци­ја за ра­бо­та­та што ја ра­бо­ти.

– За­до­волс­тво­то од по­зи­тив­ни­те про­ме­ни што се слу­чу­ва­ат во Ма­ке­до­ни­ја и ими­џот што го гра­ди зем­ја­та е го­ле­мо и це­лос­но ме ис­пол­ну­ва – ве­ли Ста­вре­ски.

По европ­ска­та кри­за на ко­ја ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја не бе­ше иму­на, се вра­ќа­ат по­зи­тив­ни­те сиг­на­ли. По по­ра­стот на БДП во пр­ви­от квар­тал за 2,2 про­цен­та, во вто­ро­то три­ме­сеч­је број­ки­те се уште по­ви­со­ки. Др­жав­на­та ста­ти­сти­ка об­ја­ви де­ка еко­но­ми­ја­та бе­ле­жи по­раст од 3,9 про­цен­ти. Да­ли овие број­ки се оп­ти­ми­стич­ки сиг­нал?

Ставрески: Во вто­ри­от квар­тал од 2013 го­ди­на ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја за­бе­ле­жи по­раст од 3,9 про­цен­ти, по по­ра­стот од 2,9 про­цен­ти во прет­ход­ни­от квар­тал, со што про­сеч­ни­от по­раст во пр­ва­та по­ло­ви­на од го­ди­на­та из­не­су­ва 3,4 про­цен­ти. По­зи­ти­вен сиг­нал е и тоа што еко­ном­ски­от по­раст е на ши­ро­ка ос­но­ва, од­нос­но си­те се­кто­ри за­бе­ле­жаа по­раст, пред­во­де­ни од гра­деж­ниш­тво­то. Во пр­ви­от квар­тал од го­ди­на­та ин­ду­стри­ја­та из­ле­зе од не­га­тив­на­та зо­на и за­бе­ле­жи по­раст од 0,7 про­цен­ти, до­де­ка во вто­ри­от квар­тал ин­ду­стри­ско­то про­из­водс­тво се за­си­ли и за­бе­ле­жи стап­ка на по­раст од 4,1 про­цен­ти. Из­во­зот на сто­ка и на ус­лу­ги за­бе­ле­жи по­раст од 6,8 про­цен­ти, до­де­ка уво­зот по­рас­на за 2,3 про­цен­ти на ре­ал­на ос­но­ва. Овие по­да­то­ци, за­ед­но со по­зи­тив­ни­те сиг­на­ли за дви­же­ња­та на ре­ал­ни­от се­ктор во Евро­па, да­ва­ат оп­ти­ми­зам де­ка го­ди­на­ва Ма­ке­до­ни­ја ќе ги до­стиг­не про­е­кти­ра­ни­те стап­ки на по­раст на БДП од два про­цен­та, со ре­ал­на мож­ност да би­дат над­ми­на­ти. В го­ди­на оче­ку­ва­ме не­што по­ви­сок по­раст од 3,2 про­цен­ти. Мно­гу е зна­чај­но што по­зи­тив­ни­те дви­же­ња во ре­ал­ни­от се­ктор се одра­зи­ја и врз стап­ка­та на не­вра­бо­те­ност, ко­ја се на­ма­ли на 28,8 про­цен­ти. Тоа е нај­ни­ско ни­во на не­вра­бо­те­ност во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја од оса­мо­сто­ју­ва­ње­то до де­нес и нај­до­бар по­ка­за­тел за ис­прав­но­ста на еко­ном­ска­та по­ли­ти­ка на Вла­да­та. Да не за­бо­ра­ви­ме, стап­ка­та на не­вра­бо­те­ност во 2006 го­ди­на бе­ше ре­чи­си 38 про­цен­ти, а во ме­ѓу­вре­ме пет го­ди­ни има­ме го­ле­ма свет­ска еко­ном­ска кри­за. За­тоа на­ма­лу­ва­ње­то на не­вра­бо­те­но­ста на 28,8 про­цен­ти го сме­там за нај­го­лем ус­пех на оваа Вла­да. Тоа не зна­чи де­ка сме стиг­на­ле до цел­та. Ќе про­дол­жи­ме со по­ли­ти­ка и со мер­ки за по­до­бру­ва­ње на ус­ло­ви­те за ин­ве­сти­ции и за отво­ра­ње ра­бот­ни ме­ста, со цел на­та­мош­но на­ма­лу­ва­ње на не­вра­бо­те­но­ста, ко­ја сѐ уште е на ви­со­ко ни­во.

По­зи­тив­ни­те трен­до­ви најм­но­гу ги изра­ду­ваа биз­нис­ме­ни­те, кои ве­лат де­ка се­га бан­ки­те тре­ба да го на­ма­лат пе­си­миз­мот и за­си­ле­но да кре­ди­ти­ра­ат. Тре­ба ли де­лов­ни­те бан­ки да пу­штат по­ве­ќе па­ри во ре­ал­ни­от се­ктор?

Ставрески: Во ус­ло­ви на ста­би­лен ма­кро­е­ко­ном­ски ам­би­ент и па­ра­ме­три што ука­жу­ва­ат на за­бр­зу­ва­ње на еко­ном­ски­от по­раст, сме­там де­ка по­стои мож­ност бан­ки­те по­ин­тен­зив­но да ги на­со­чат сво­и­те сло­бод­ни средс­тва кон ре­ал­ни­от се­ктор. Допол­ни­тел­но, по­сте­пе­ни­от по­раст на стран­ска­та по­ба­ру­вач­ка и на из­во­зот ука­жу­ва де­ка Ма­ке­до­ни­ја има по­тен­ци­јал за зац­вр­сту­ва­ње на из­воз­ни­те ка­па­ци­те­ти и тре­ба да би­де со­од­вет­но сле­ден и под­др­жан од бан­ки­те.

На­род­на­та бан­ка на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја во из­ми­на­ти­от пер­и­од пре­зе­де ни­за мер­ки на­со­че­ни кон соз­да­ва­ње про­стор за зго­ле­ме­на кре­дит­на под­др­шка на бан­ки­те на при­ват­ни­от се­ктор. Ме­ѓу дру­го­то, со цел да се зго­ле­ми ште­де­ње­то во до­маш­на ва­лу­та стап­ка­та на за­дол­жи­тел­на ре­зер­ва за де­по­зи­ти­те во до­маш­на ва­лу­та се на­ма­ли од 10 про­цен­ти на осум про­цен­ти. За под­др­шка на из­воз­но­о­ри­ен­ти­ра­ни­те ком­па­нии се на­ма­ли  за­дол­жи­тел­на­та ре­зер­ва, ко­ја бан­ки­те тре­ба да ја од­во­ју­ва­ат при кре­ди­ти­ра­ње не­то-из­воз­ни­ци. Во­ед­но, и ка­мат­ни­те стап­ки на др­жав­ни­те и на бла­гај­нич­ки­те за­пи­си се по­ста­ве­ни на исто­ри­ски нај­ни­ско ни­во, со цел сло­бод­ни­те средс­тва на бан­ки­те да се на­со­чат кон при­ват­ни­от се­ктор. Си­те овие мер­ки, за­ед­но со по­сте­пе­на­та ста­би­ли­за­ци­ја на европ­ска­та еко­но­ми­ја, да­ва­ат мож­ност да се зго­ле­ми кре­дит­на­та под­др­шка на бан­ки­те на при­ват­ни­от се­ктор. Се­га се тие на по­тег.

zoran-stavreski-2

На при­ват­ни­от се­ктор му тре­ба фи­нан­си­ска ин­јек­ци­ја. Ком­па­ни­и­те жив­наа отка­ко Вла­да­та се раз­дол­жи и на­вре­ме им пла­ќа, но, се­пак, фир­ми­те се глад­ни за све­жи па­ри. На­ја­ви­вте но­ви евти­ни кре­ди­ти од Европ­ска­та ин­ве­сти­ци­ска бан­ка. Ко­га ќе стиг­нат но­ви­те 100 ми­ли­о­ни евра?

Ставрески: Вла­да­та со по­че­то­кот на свет­ска­та фи­нан­си­ска кри­за во 2009 го­ди­на на ком­па­ни­и­те им обез­бе­ди при­стап до свеж ка­пи­тал од Европ­ска­та ин­ве­сти­ци­ска бан­ка, по мош­не по­вол­ни ус­ло­ви со фикс­на го­диш­на ка­мат­на стап­ка од 5,5 про­цен­ти и со ро­ко­ви на отп­ла­та до осум го­ди­ни за ин­ве­сти­ции и до три го­ди­ни за обрт­ни средс­тва. До­се­га се обез­бе­ди­ја 250 ми­ли­о­ни евра од кои се иско­ри­сте­ни вкуп­но 222 ми­ли­о­ни евра за ре­а­ли­за­ци­ја на 761 про­ект и отво­ра­ње но­ви 4.782 ра­бот­ни ме­ста. До кра­јот на сеп­тем­ври се оче­ку­ва пов­ле­ку­ва­ње на уште шест ми­ли­о­ни евра за но­ви про­е­кти, со што од прет­ход­на­та ли­ни­ја на рас­по­ла­га­ње оста­ну­ва­ат уште 22 ми­ли­о­ни евра. Охра­бру­вач­ки е што ефе­кти­те од оваа мер­ка да­ва­ат ре­зул­та­ти пре­ку по­до­бру­ва­ње на ли­квид­но­ста, ин­ве­сти­ции и отво­ра­ње ра­бот­ни ме­ста. По­ра­ди го­ле­ми­от ин­те­рес од фир­ми­те оваа го­ди­на ќе поч­не со ре­а­ли­за­ци­ја че­твр­та­та кре­дит­на ли­ни­ја во из­нос од но­ви 100 ми­ли­о­ни евра, со што ќе про­дол­жи под­др­шка­та на ком­па­ни­и­те со ква­ли­тет­ни кре­дит­ни средс­тва по по­вол­ни ус­ло­ви. Ми­ни­стерс­тво­то за фи­нан­сии, за­ед­но со МБПР ја има поч­на­то по­стап­ка­та и во октом­ври се оче­ку­ва фи­на­ли­зи­ра­ње на пре­го­во­ри­те и усво­ју­ва­ње на кре­ди­тот на бор­дот на ЕИБ. Се оче­ку­ва до по­че­то­кот на но­ем­ври фир­ми­те да мо­же да поч­нат да ап­ли­ци­ра­ат за средс­тва­та од оваа кре­дит­на ли­ни­ја.

Еко­но­ми­ја­та е на до­бар пат. Цр­ни­те прог­но­зи на опо­зи­ци­ја­та од де­кем­ври ла­ни де­ка ако се до­не­се бу­џе­тот, Ма­ке­до­ни­ја ќе бан­кро­ти­ра за шест ме­се­ци, не се ос­тва­ри­ја. Об­вр­ски­те ре­дов­но се сер­ви­си­ра­ат. Ли­квид­на ли е др­жав­на­та каса?

Ставрески: За жал, опо­зи­ци­ја­та по­сто­ја­но има не­кон­стру­кти­вен при­стап и не­ар­гу­мен­ти­ра­но пла­си­ра цр­ни сце­на­ри­ја за Ма­ке­до­ни­ја. Та­ка бе­ше си­те из­ми­на­ти го­ди­ни, та­ка е и оваа. Еве по­ми­наа осум ме­се­ци од 2013 го­ди­на, ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја има трет нај­до­бар ре­зул­тат во Евро­па, ре­дов­но се исп­ла­ќа­ат си­те об­вр­ски од бу­џе­тот, дол­гот е и на­та­му че­тврт нај­мал во Евро­па. Ка­де е кра­хот што го нај­а­ву­ваа опо­зи­ци­о­не­ри­те? Јав­но­ста мо­же да про­це­ни кој бе­ше во пра­во и да­ли се ис­пол­ни­ја нив­ни­те сце­на­ри­ја.

Ли­квид­но­ста на бу­џе­тот е до­бра би­деј­ќи при пла­ни­ра­ње­то на Бу­џе­тот беа из­врш­ни вни­ма­тел­ни ана­ли­зи и бе­ше обез­бе­де­на ста­бил­на рам­ка за фи­нан­си­ра­ње, чи­ја­што ос­но­ва се ре­ал­но пла­ни­ра­ни­те бу­џет­ски при­хо­ди, ка­ко и обез­бе­де­ни­те средс­тва од ме­ѓу­на­род­ни из­во­ри, под по­вол­ни ус­ло­ви. Об­вр­ски­те од бу­џе­тот ре­дов­но се сер­ви­си­ра­ат при што на­вре­ме­но се исп­ла­ќа­ат пен­зи­и­те, пла­ти­те и со­ци­јал­на­та по­мош. Ка­ко што бе­ше нај­а­ве­но, зак­луч­но со фе­вру­а­ри 2013 го­ди­на це­лос­но се исп­ла­ти­ја об­вр­ски­те кон сто­панс­тво­то во из­нос од 92 ми­ли­о­ни евра, од кои 52 ми­ли­о­ни евра об­вр­ски по ос­но­ва на по­врат на ДДВ и 40 ми­ли­о­ни евра за ре­а­ли­зи­ра­ни про­е­кти. Со тоа Ма­ке­до­ни­ја е ед­на од ре­тки­те зем­ји од ре­ги­о­нот што се раз­дол­жи кон сто­панс­тво­то, што бе­ше по­твр­де­но и од ме­ѓу­на­род­ни­те фи­нан­си­ски ин­сти­ту­ции. От­то­гаш ре­дов­но се из­вр­шу­ва­ат об­вр­ски­те кон сто­панс­тво­то и на­вре­ме­но се вр­ши по­вра­тот на ДДВ. Ток­му оваа ли­квид­нос­на ин­јек­ци­ја мно­гу по­мог­на ма­ке­дон­ски­те фир­ми да има­ат со­лид­ни ре­зул­та­ти во ус­ло­ви на го­ле­ма еко­ном­ска кри­за, по­себ­но ко­га ста­ну­ва збор за гра­деж­ни­те ком­па­нии. Не­ма зем­ја во Евро­па во ко­ја гра­деж­ниш­тво­то има по­раст, а не, пак, по­раст од 33 про­цен­ти ка­ко во Ма­ке­до­ни­ја. Тоа не е слу­чај­но. Тоа е ре­зул­тат на из­бо­рот на оваа Вла­да, ко­ја фор­си­ра ка­пи­тал­ни ин­ве­сти­ции од бу­џе­тот во си­те сфе­ри. Тие соз­да­ва­ат ра­бо­та не са­мо за гра­деж­ни­те ком­па­нии, ту­ку и за сто­ти­ци ма­ли фир­ми, кои се по­диз­ве­ду­ва­чи. Со тоа се спа­си­ја ил­јад­ни­ци ра­бот­ни ме­ста, се обез­бе­ди пла­та за ра­бот­ни­ци­те во ва­кви те­шки вре­ми­ња.

Ка­пи­тал­ни­те ин­ве­сти­ции во из­ми­на­ти­ов пер­и­од при­до­не­соа за разд­ви­жу­ва­ње на еко­но­ми­ја­та и овоз­мо­жи­ја ком­па­ни­и­те по­лес­но да ди­шат во вре­ме на кри­за. Ка­ко оди нив­на­та ре­а­ли­за­ци­ја, да­ли па­ри­те за­вр­ши­ја во па­ти­шта, га­си­фи­ка­ци­ја и во же­лез­ни­ца?

Ставрески: Ка­пи­тал­ни­те рас­хо­ди во из­ми­на­ти­те не­кол­ку го­ди­ни при­до­не­соа за уб­ла­жу­ва­ње на ефе­кти­те од гло­бал­на­та ре­це­си­ја врз ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја и кон ин­тен­зи­ви­ра­ње на по­ра­стот на ин­ве­сти­ци­и­те во зем­ја­та. При­тоа, нај­го­ле­ми­от дел од ка­пи­тал­ни­те рас­хо­ди се на­ме­не­ти за из­град­ба и за ре­кон­струк­ци­ја на ули­ци, па­ти­шта и на авто­па­ти, ин­ве­сти­ции во енер­ге­ти­ка­та и во дру­ги про­е­кти. Ка­пи­тал­ни­те рас­хо­ди во пер­и­о­дот ја­ну­а­ри-ју­ли 2013 го­ди­на се за 10 про­цен­ти пови­со­ки во од­нос на исти­от пер­и­од ла­ни. Се ин­тен­зи­ви­раа актив­но­сти­те за ре­а­ли­за­ци­ја на круп­ни­те ин­фра­стру­ктур­ни про­е­кти, ка­ко што е до­из­град­ба­та на авто­па­тот на Ко­ри­до­рот 10 и ин­ве­сти­ции за ре­кон­струк­ци­ја и за до­из­град­ба на же­лез­нич­ка­та ин­фра­стру­кту­ра. Исто­вре­ме­но, се ре­а­ли­зи­раа по­ве­ќе про­е­кти за по­до­бру­ва­ње на ин­фра­стру­кту­ра­та во обра­зо­ва­ни­е­то пре­ку из­град­ба на учи­ли­шта, спорт­ски са­ли и игра­ли­шта; по­до­бру­ва­ње на ко­му­нал­на­та ин­фра­стру­кту­ра пре­ку из­град­ба на во­до­вод и на ка­на­ли­за­ци­ја; и ин­ве­сти­ции во здрав­ство­то.

До ка­де се прес­ме­тки­те и кро­е­ње­то на но­ви­от бу­џет за 2014 го­ди­на. Спо­ред фи­скал­на­та стра­те­ги­ја, тој ќе те­жи ре­чи­си три ми­ли­јар­ди евра?

Ставрески: Под­го­то­вка­та на Бу­џе­тот за 2014 го­ди­на е во за­врш­на фа­за, при што се на­пра­ве­ни по­треб­ни­те ана­ли­зи и се из­вр­ше­ни ре­дов­ни кон­сул­та­ции со ми­ни­стерс­тва­та и со дру­ги­те бу­џет­ски ко­рис­ни­ци. При тоа е зе­ме­на пред­вид и ре­а­ли­за­ци­ја­та на по­ве­ќе­го­диш­ни­те про­е­кти и тоа е вгра­де­но во сред­но­роч­на­та бу­џет­ска рам­ка. Во тек е фи­на­ли­зи­ра­ње на прес­ме­тки­те, по што Бу­џе­тот ќе би­де прос­ле­ден во на­та­мош­на вла­ди­на и со­бра­ни­ска про­це­ду­ра. Во од­нос на ви­си­на­та на бу­џе­тот са­кам да наг­ла­сам де­ка при под­го­то­вка­та, про­ек­ци­и­те за бу­џет­ски­те при­хо­ди се зас­но­ва­ат врз про­е­кти­ра­на­та стап­ка на по­раст на еко­но­ми­ја­та од 3,2 про­цен­ти за 2014 го­ди­на. Исто та­ка, зна­чај­но е што и по­на­та­му ќе има по­раст на средс­тва­та за ка­пи­тал­ни ин­ве­сти­ции.

zoran-stavreski-3

Пос­лед­ни­те ме­се­ци Ми­ни­стерс­тво­то за фи­нан­сии ги отка­жу­ва аук­ци­и­те на др­жав­ни за­пи­си. Да­ли ова ќе по­мог­не да се вра­ти ли­квид­но­ста на сто­панс­тво­то?

Ставрески: Из­да­ва­ње­то др­жав­ни хар­тии од вред­ност е ре­дов­на пра­кти­ка во си­те раз­ви­е­ни зем­ји и тоа при­до­не­су­ва за раз­вој на фи­нан­си­ски­те па­за­ри. Се­пак, точ­но е де­ка Ми­ни­стерс­тво­то за фи­нан­сии во не­кол­ку на­вра­ти отка­жа аук­ции на др­жав­ни хар­тии од вред­ност. Ние по­сто­ја­но пра­ви­ме ана­ли­зи и ја сле­ди­ме со­стој­ба­та и се­ко­гаш ко­га по­стои про­стор се на­сто­ју­ва да се оста­ват по­ве­ќе па­ри во сто­панс­тво­то, без при­тоа да се на­ру­ши упра­ву­ва­ње­то на јав­ни­те фи­нан­сии и из­вр­шу­ва­ње­то на бу­џе­тот. До­пол­ни­тел­но би са­кал да истак­нам де­ка бан­кар­ски­от си­стем во Ма­ке­до­ни­ја има до­вол­но си­лен по­тен­ци­јал за кре­ди­ти­ра­ње и се­ка­ко де­ка ва­кви­те актив­но­сти ќе соз­да­дат про­стор да се зго­ле­ми кре­дит­на­та под­др­шка за сто­панс­тво­то. Во из­ми­на­ти­от пер­и­од ра­бо­тев­ме и на по­до­бру­ва­ње на стру­кту­ра­та на пор­тфо­ли­о­то на др­жав­ни­те хар­тии од вред­ност во на­со­ка на из­да­ва­ње по­дол­го­роч­ни ин­стру­мен­ти, што до­пол­ни­тел­но ќе вли­јае врз ста­бил­но­ста на јав­ни­те фи­нан­сии и врз раз­во­јот на фи­нан­си­ски­от па­зар пре­ку зго­ле­му­ва­ње на по­ну­да­та на ин­стру­мен­ти за тр­гу­ва­ње.

Ма­ке­до­ни­ја е ни­ско за­дол­же­на зем­ја, јав­ни­от долг из­не­су­ва 33 про­цен­ти од БДП. Се­пак, тре­ба да се во­ди сме­тка за спо­соб­но­ста за не­го­во вра­ќа­ње. Да­ли се во­ди до­ма­ќин­ска по­ли­ти­ка и да­ли гра­ѓа­ни­те ќе мо­жат да спи­јат мир­но, да­ли има па­ри за вра­ќа­ње на ста­ри­те дол­го­ви и кре­ди­ти, зе­ме­ни одам­на?

Ставрески: Вла­да­та во­ди иск­лу­чи­тел­но вни­ма­тел­на по­ли­ти­ка во пог­лед на одр­жу­ва­ње­то на ни­во­то на ја­вен долг. Пред по­че­то­кот на кри­за­та, ко­га со­стој­би­те во еко­но­ми­ја­та и во све­тот беа по­вол­ни, из­вр­шив­ме пред­вре­ме­но раз­дол­жу­ва­ње та­ка што од 39 про­цен­ти од БДП, кол­ку што бе­ше за­дол­же­но­ста ко­га дој­дов­ме во Вла­да­та, др­жав­ни­от долг го на­ма­лив­ме на 24 про­цен­ти, со што по­крај на­ма­лу­ва­ње на дол­гот, се ос­тва­ри­ја и зна­чи­тел­ни за­ште­ди по ос­но­ва на ка­ма­ти. Ова го по­до­бри и ими­џот на зем­ја­та пред ме­ѓу­на­род­ни­те фи­нан­си­ски ин­сти­ту­ции и кре­ди­то­ри. До­кол­ку ана­ли­зи­ра­ме од се­гаш­на перс­пе­кти­ва, тој по­тег ос­ло­бо­ди про­стор во ус­ло­ви на свет­ска фи­нан­си­ска кри­за, Ма­ке­до­ни­ја да има при­стап и да обез­бе­ди средс­тва за фи­нан­си­ра­ње од стран­ски из­во­ри. Де­нес јав­ни­от долг из­не­су­ва 33,6 про­цен­ти од БДП со што Ма­ке­до­ни­ја е во гру­па­та на уме­ре­но за­дол­же­ни зем­ји и че­твр­та нај­мал­ку за­дол­же­на зем­ја во Евро­па. Об­вр­ски­те на др­жа­ва­та ре­дов­но се сер­ви­си­ра­ат и во таа на­со­ка на по­че­то­кот од го­ди­на­та бе­ше исп­ла­те­на евро­об­врз­ни­ца­та, ка­ко и дру­ги об­вр­ски по ос­но­ва на би­ла­те­рал­ни и на мул­ти­ла­те­рал­ни до­го­во­ри за за­ем. По­твр­да за ус­пеш­на­та по­ли­ти­ка за упра­ву­ва­ње­то на јав­ни­те фи­нан­сии до­а­ѓа и од ме­ѓу­на­род­ни­те фи­нан­си­ски ин­сти­ту­ции ММФ и Свет­ска бан­ка.

Да­ли и оваа го­ди­на не­ма да се чеп­ка да­ноч­на­та по­ли­ти­ка, од­нос­но не­ма да се зго­ле­му­ва­ат да­но­ци­те?

Ставрески: Оваа Вла­да сво­ја­та по­ли­ти­ка на ни­ски да­но­ци ја има по­твр­де­но мно­гу па­ти до­се­га. Ги на­ма­лив­ме да­но­ци­те и во­ве­дов­ме ра­мен да­нок, а се на­ма­ли­ја и при­до­не­си­те. Од оваа по­ли­ти­ка не от­ста­пив­ме ни­ту во пер­и­о­ди­те на се­ри­оз­ни пре­диз­ви­ци од свет­ска­та еко­ном­ска кри­за, ко­га нај­сил­но се чув­ству­ваа пос­ле­ди­ци­те од неа. Во исти­от тој пер­и­од ре­чи­си си­те зем­ји од Евро­па ги зго­ле­ми­ја да­но­ци­те со што на мно­гу по­ле­сен на­чин ја спро­ве­ду­ваа по­ли­ти­ка­та за фи­скал­на кон­со­ли­да­ци­ја, ме­сто да по­стои цвр­ста опре­дел­ба за спро­ве­ду­ва­ње стру­ктур­ни ре­фор­ми. Ние сме цвр­сто убе­де­ни де­ка по­ли­ти­ка­та на ни­ско ода­но­чу­ва­ње на долг рок ја зго­ле­му­ва кон­ку­рент­но­ста на ма­ке­дон­ски­те ком­па­нии, при­до­не­су­ва за раз­вој на при­ват­ни­от се­ктор и прет­при­е­маш­тво­то, и е нај­е­фи­кас­но средс­тво за бор­ба про­тив си­ва­та еко­но­ми­ја. Во тој кон­текст, ќе го одр­жи­ме ве­ту­ва­ње­то да­де­но на биз­нис­ме­ни­те де­ка Вла­да­та не­ма да зго­ле­ми ни­ту еден да­нок во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

„Џу­мај­ли­ја“ е ед­на од син­џи­рот нај­а­ве­ни стран­ски ин­ве­сти­ции во Ма­ке­до­ни­ја. По­ми­на­вте мно­гу де­сти­на­ции, европ­ски, но и по­да­леч­ни во обид да се до­не­сат што по­го­лем број ре­но­ми­ра­ни ком­па­нии. Кои се ре­зул­та­ти­те, кои свет­ски ими­ња на кор­по­ра­ции  да ги оче­ку­ва јав­но­ста?

Ставрески: Вла­да­та во кон­ти­ну­и­тет по­све­те­но ра­бо­ти на прив­ле­ку­ва­ње стран­ски ин­ве­сти­то­ри со цел отво­ра­ње но­ви ра­бот­ни ме­ста. Вла­ди­ни прет­став­ни­ци при се­ко­ја по­се­та во странс­тво ја ко­ри­стат мож­но­ста да ги пре­зен­ти­ра­ат по­вол­ни­те ус­ло­ви за ин­ве­сти­ра­ње и ос­тва­ру­ва­ат сред­би со ин­ве­сти­то­ри на нај­ви­со­ко ни­во. За таа цел, вос­по­ста­ви­ме ин­сти­ту­ци­о­нал­на ин­фра­стру­кту­ра за про­мо­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја, пре­ку мре­жа еко­ном­ски про­мо­то­ри и пре­ку спро­ве­ду­ва­ње про­мо­тив­ни кам­па­њи на из­бра­ни ме­ди­у­ми и па­за­ри. До­пол­ни­тел­но за­си­ле­но се ин­ве­сти­ра во раз­вој на тех­но­ло­шко-ин­ду­стри­ски­те раз­вој­ни зо­ни и тоа не са­мо во Скоп­је, ту­ку и во мно­гу дру­ги гра­до­ви во зем­ја­та. Ка­ко ре­зул­тат на вкуп­ни­те на­по­ри де­нес во Ма­ке­до­ни­ја се при­сут­ни по­ве­ќе ре­но­ми­ра­ни свет­ски мар­ки ка­ко што се „Џон­сон ме­ти“, „Џон­сон кон­тролс“, „Дра­ксел ма­јер“, „Кром­берт и Шу­берт“, „Ван хол“, итн. Си­те овие ком­па­нии ра­бо­тат со ви­со­ка тех­но­ло­ги­ја и про­из­ве­ду­ва­ат до­бра со ви­со­ка до­да­де­на вред­ност, што ре­зул­ти­ра со про­ме­на на стру­кту­ра­та на из­во­зот на зем­ја­та и ја зго­ле­му­ва неј­зи­на­та кон­ку­рент­ност. Нив­но­то при­сус­тво во Ма­ке­до­ни­ја и фа­ктот што дел од нив ве­ќе ги про­ши­ри­ја по­стој­ни­те ка­па­ци­те­ти е нај­до­бра рек­ла­ма и за дру­ги­те ин­ве­сти­то­ри, кои ба­ра­ат по­вол­на де­сти­на­ци­ја за про­ши­ру­ва­ње на нив­ни­от биз­нис. Во тек се пре­го­во­ри со не­кол­ку по­тен­ци­јал­ни ин­ве­сти­то­ри, кои се во на­пред­на фа­за и во на­ред­ни­от пер­и­од се оче­ку­ва пот­пи­шу­ва­ње на до­го­во­ри за ин­ве­сти­ра­ње со нај­мал­ку пет-шест но­ви фир­ми.

Ка­ко фи­нан­си­ски фронт­мен во Вла­да­та, освен по­фал­би­те, на Ва­ша адре­са ста­су­ва­ат и кри­ти­ки за еко­ном­ска­та по­ли­ти­ка, ка­ко из­ле­гу­ва­те на крај со си­те ар­гу­мен­ти и па­у­шал­ни об­ви­ну­ва­ња?

Ставрески: Функ­ци­ја­та ми­ни­стер за фи­нан­сии во се­ко­ја зем­ја е ед­на од нај­те­шки­те и нај­на­па­ѓа­ни и тоа од си­те стра­ни, што, на не­кој на­чин, е нор­мал­но. Пре­диз­ви­ци­те се уште по­го­ле­ми ко­га се криз­ни вре­ми­ња, а тре­ба да се обез­бе­дат до­вол­но средс­тва за на­вре­ме­на исп­ла­та на пла­ти, пен­зии, со­ци­јал­на по­мош, суб­вен­ции за зем­јо­дел­ци­те, ам­би­ци­оз­на­та про­гра­ма на Вла­да­та за ка­пи­тал­ни про­е­кти и при­тоа да се за­др­жи ни­зок бу­џет­ски де­фи­цит и уме­рен др­жа­вен долг. За­тоа, нор­мал­ни се и по­фал­би­те и кри­ти­ки­те. Чо­век на оваа функ­ци­ја мо­ра да се на­вик­не на кри­ти­ки­те и да ги при­ма кон­стру­ктив­но и по­зи­тив­но, сѐ до­де­ка се ар­гу­мен­ти­ра­ни. Јас сум се­ко­гаш отво­рен за ди­ску­си­ја на ко­ја ќе се рас­пра­ва со број­ки и со ар­гу­мен­ти, а не са­мо да се на­па­ѓа со па­у­шал­ни из­ја­ви и кон­ста­та­ции, кои не при­до­не­су­ва­ат за ква­ли­тет­на де­ба­та. Се­пак, сме­там де­ка нај­су­штин­ски се мис­ле­ње­то и збо­рот на гра­ѓа­ни­те, ка­ко и приз­на­ни­ја­та што до­а­ѓа­ат од ме­ѓу­на­род­ни­те фи­нан­си­ски ин­сти­ту­ции, ре­но­ми­ра­ни­те из­ве­штаи на кои Ма­ке­до­ни­ја во кон­ти­ну­и­тет го по­до­бру­ва сво­јот ранг. На­чи­нот на кој Вла­да­та се со­о­чи со пос­ле­ди­ци­те од свет­ска­та кри­за ни да­ва за пра­во да кон­ста­ти­ра­ме де­ка еко­ном­ска­та по­ли­ти­ка и ре­фор­ми­те да­ва­ат ре­зул­та­ти. Ка­ко ре­зул­тат на ефе­ктив­ни­те ан­ти­криз­ни мер­ки и на мер­ки­те за под­др­шка на еко­но­ми­ја­та, Ма­ке­до­ни­ја ре­ла­тив­но по­до­бро се со­о­чу­ва со пре­диз­ви­ци­те од дру­ги­те зем­ји во ре­ги­о­нот.

До­ка­жан сте до­ма, но и над­вор, во ме­ѓу­на­род­ни­те фи­нан­си­ски ин­сти­ту­ции. Со го­ди­ни ра­бо­те­вте во Свет­ска бан­ка, што ве вра­ти во Ма­ке­до­ни­ја?

Ставрески: Кај се­кој од нас по­стои пре­диз­вик да се по­стиг­не не­што зна­чај­но во жи­во­тот, осо­бе­но ко­га се ра­бо­ти за сво­ја­та зем­ја. Во САД, ка­де што по­ми­нав по­ве­ќе од пет го­ди­ни, ра­бо­тев во нај­ре­но­ми­ра­на­та свет­ска фи­нан­си­ска ин­сти­ту­ци­ја, Свет­ска бан­ка, по­стиг­нав мно­гу, ре­чи­си ма­кси­мум што мо­же да се ос­тва­ри на про­фе­си­о­на­лен ас­пект. И по­крај тоа, не се ко­ле­бав ни мо­мент за да се вра­там во сво­ја­та зем­ја и со мо­е­то зна­е­ње и ан­гаж­ман да при­до­не­сам кон раз­во­јот на Ма­ке­до­ни­ја и по­до­бру­ва­ње на жи­во­тот на гра­ѓа­ни­те. И ден де­нес имам огром­на мо­ти­ва­ци­ја за ра­бо­та­та што ја ра­бо­там. За­до­волс­тво­то од по­зи­тив­ни­те про­ме­ни што се слу­чу­ва­ат во Ма­ке­до­ни­ја и ими­џот што го гра­ди зем­ја­та е го­ле­мо и це­лос­но ме ис­пол­ну­ва.

Разговараше: Билјана Василева – Трендафилова
Фото: Александар Ивановски
(Интервјуто со министерот за финансии, Зоран Ставрески беше објавено во 55. број на неделникот Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top