Засега непозната жена паднала во Вардар од Камениот мост, за време на Појадокот кој го организира градот Скопје.
Несреќата се случи додека градоначалникот Коце Трајановски даваше изјава за медиумите, околу 10 часот. Ја спасило ова момче кое е на фотографиите. И неговиот идентитет засега е непознат
Пред малку СВР Скопје инфомираше дека жената со иницијали В.Т. (47) влегла во Вардар, најверојатно под мостот, однсно не станува збор дека скокнала или паднала од самиот мост. Сепак се уште не е јасно дали станува збор за обид за самоубиство или нешто друго.
В.Т. е пренесена во Ургетниот центар и е во стабилна состојба. СВР Скопје не ги соопшти имињата на спасувачот/ите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





