– Француските војници се распоредени во текот на ноќта во Кидал, соопшти француската војска.
Информацијата дека француски авиони слетале на аеродромот ја потврди и претставник на исламистичкото движење Азавад кое ја имаше контролата над градот.
Градот Кидал се наоѓа на 1500 километри североисточно од престолнината Бамако. Во него исламските бунтовници најдоа засолниште за време на тринеделната француска офанзива.
Француските сили во претходните денови ги освоија градовите Гао и Тимбукту. Исламистичките сили го контролираа северниот дел на земјата од март минатата година по воениот удар во Бумако, по што наметнаа строг шеријат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.