-Во почетокот тие играа мудро, а ние брзо ги завршувавме нападите, што се покажа како тотално погрешно. Кога се разбудивме, дојде до нашата разлика од 4-5 гола, оти игравме умно. Во вториот дел Дарко Станиќ бранеше одлично, а и игравме мудро. Во тој период само требаше да ја завршиме средбата, оти и тие беа речиси предадени. Наместо тоа, промашивме неколку зицери и од една ситуација лесно да победиме, дојде до интересна завршница. Но, потенцирам, ние им дозволивме така да биде, а не беа тие што успеаја во тоа. Најсилна екипа е таа која е скромна. Затоа мораме да се спуштиме на земја или ќе биде тешко нас против Барселона и ПСЖ. Мораме да сфатиме дека мора да има борба за секоја топка. Од овој меч секако најважни се двата бода, а ако го разбравме тоа што ни се случи на крајот ќе биде добро. Ако не, ќе ни биде тешко против фаворитите. Не игравме ниту сосема здрави, оти покрај Филип Миркуловски и Павел Атман влече повледа на глуждот, вели тренерот на Металург, Лино Червар, по натпреварот со Варнер Тун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


