| четврток, 6 декември 2018 |

Ињаки Малумбрес – новиот миленик на вардаровите навивачи

Шпанскиот голман Ињаки Малумбрес прави чуда на голот на Вардар и веќе во првиот меч за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите покажа дека ќе биде големо засилување. Брз со неверојатен рефлекс, иако има 38 години, брани неверојатно добро. Во неколку обиди еден на еден против опасните стрелци на Барселона, Малумбрес реагираше како мачка и одбрани веќе видени голови, кревајќи ја публиката на нозе.

Нема сомневање дека шпанскиот ас е новиот миленик на симпатизерите на Вардар, а со одбраните во вториот дел против Барселона, апсолутно ги заслужи аплаузите од повеќе од 6 илјади гледачи во салата „Борис Трајковски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top