Барселона води, а Вардар машки се бори против шпанскиот и светски гигант, а на полувреме гостите водат со 19-15. Предводени од извонредниот Рутенка, кој постигна 6 гола за 30 минути, Барселона ја оправда улогата на фаворит. Сепак Вардар игра добро, не се предаваше, туку напротив имаше и предност до средината на првиот дел. „Црвено-црните“ не се уплашија и го прифатија предизвикот да се надигруваат со најтрофејниот светски ракометен клуб (има 8 титули). До 15. минута бодрени од бучната публика во СЦ „Борис Трајковски“, вардарци постојано водеа, најмноги со 3 гола разлиак. Темпо диктираа расположените Дибиров и Карачиќ со по 5 гола, Милиќ извонредно бранеше, а публиката уживаше.
Атмосферата доживеа кулминација по атрактивната акција на Вардар за предност од 8-5. Барса и не изгледа толку моќно, а се тресеа трибините во салата, по извонредните потези на домашните ракометари. Сепак, фаворитот не попусто атакува на деветтиот трофеј во ЛШ, а се разиграа Рутенка со 6 гола, нашиот Кирил Лазаров со 3 и Хуан Гарсија (3), па за час гостите направија пресврт. Со неколку контри и полуконтри, Бареслеона си обезбеди мирен почеток на второто полувреме и 4 гола предност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


