| четврток, 6 декември 2018 |

И братучедот Заев добивал тендери во Струмица

LIDERI-3-Zoran-ZaevНов член на семејството на Зоран Заев поврзан со тендер во општина Струмица. Прв братучед на Заев добил пари од општинската каса преку компанијата Еленица, каде овластено лице е Трајче Заев, прв братучед на струмичкиот градоначлник во периодот од 2009 до 2012. Фирмата инкасирала скоро 3 милиони денари за набавка на цемент преку јавното комунално претпијатие во Струмица.

Првиот тендер е договорен во 2009 година кога со струмички Комуналец раководел Панче Орцев, актуелен пратеник во Собранието од редовите на СДСМ.

Следеле уште два тендери во 2011 и 2012, кога прв човек на јавното претпријатие бил Зоран Ѓорѓиев, истакнат член на СДСМ од Струмица и близок човек на Зоран Заев.

Заеви доминираат во управувачката структура на фирмата Еленица. Овластено лице е Трајче Заев прв братучед на лидерот на СДСМ, а член на надзорниот одбор е Катерина Бојовиќ Заева, која му е прва братучетка на лидерот на опозицијата и сестра на Трајче Заев.

И таа е дел од мрежата семејни тендери. Владејчката партија објави документација според која нејзината фирма Тргопродукт во 2010 исто така добила тендер од Стрмица вреден 110 илјади денари.

Во надзорниот одбор на фирмата Еленица покрај Трајче Заев, се наоѓа и братот на лидерот на СДСМ, Вице заев, чија што фирма, Сара Јавор Инженеринг добила тендер од општината за изведување грдежни работи вреден скоро 300.000 денари

Во мрежата со семејни тендери е вплетен и таткото на лидерот на СДСМ како и неговиот чичко Панчо Заев кои преку својата фирма Зови Промет добиле дури 7 тендери за набавки за потребите на струмичка градинка, со што вкупната сума на пари кои од касата на општина Струмица се слеале во фирмите на семејството Заеви надминува половина милион евра.

Лидерот на СДСМ за  јавноста рече дека во семејните тендери нема ништо незаконско и дека не чувствува никаква одговорност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top