| четврток, 6 декември 2018 |

Екипата на Одорхеи со помош на Македонците Лазо Мајнов и Горан Кузманоски победува

Екипата на Одорхеи, во чии редови настапуваат Македонците Лазо Мајнов и Горан Кузманоски, одлично ја стартуваше сезоната во романскиот шампионат, забележувајќи две победи по првите две кола

majnov odorhei golema

Одорхеи денеска имаше тешка задача на гостувањето против Сучеава, но тимот на Мајнов и Кузманоски со одлична игра во финишот успеа да стигне до убедлива победа од 24-32. Имено, домаќините имаа предност од 14-12 по првото полувреме, а потоа беа достоен ривал и во првиот дел од второто полувреме.

Сепак, Одорхеи заигра во својот препознатлив ритам во последните петнаесет минути, што беше доволно не само да се направи пресврт, туку и да се стигне до убедлива победа. Мајнов беше втор стрелец на Одорхеи на овој меч со пет постигнати погодоци (Талаш беше најефикасен со шест гола), додека Кузманоски придонесе со три погодоци во вториот триумф на својот тим оваа натпреварувачка сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top