Иако не многу убедлив македонскиот вицешампион на плувремето во Тун каде игра со Швајцарската екипа Вакер Тун води со пристојни 13:09.
По водството од 2 : 0 на почетокот Вакер Тун се врати во игра по што до средината на првото полувреме резултатот беше изедначен но по серијата одлични одбрани на Станич и одличните реалиции Металург дојде до предност од 4 гола.
Во салата во Тун и покрај тоа што најголем дел се навивачи на домашниот тим постојано се слуша „Македонија, Македонија“ и „Металург, Металург“ од страна на група македонски навивачи кои се присутни на сите големи натпревари на Македонската репрезентација или македонски тимови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


