| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен пијан пилот

авионЦивилен пилот на должност е уапсен на аеродром во Јоркшир, Велика Британија. Го надминал дозволениот лимит за алкохол во крвта за дури четири пати.

54 годишниот пилот  капетан на авионот требало да го пилотира летот за Исламабад со 180 патници, кога персоналот задолжен за контрола воочило дека “ е нестабилен при одење и дека мириса на алкохол и опојни средства“.
Пилотот за да ја измами контролата и да го ублажи мирисот, пред да влезе се обидел со пеперминт бомбони и гуми за џвакање да го прикрие мирисот на алкохол.
Пилотите кои се обидуваат да управуваат авион под влијание на алкохол се сметаа за најголема опасност по безбедноста, иако полицијата во Велика Британија има овластување да ги проверува пилотите и персоналот доколу се посомнева дека се под влијание на дрога или алкохол, ваквите ситуации многу ретко се случуваа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top