| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца велешани, еден светиниколец и еден скопјанец водачи на наркогрупите во земјава

lisice-hapsenje-1331803344-136476

Заедно со германската служба против дрога и франкфуртската полиција, македонската полиција прогонувала три криминални групи што оперирале во Франкфорт. На првата група водичот бил од Велес, на втората од Свети Николе, а на третата имало двајца водачи – од Велес и од Скопје.  Во последниот дел од акцијата се уапсени 66 луѓе,  44 во Германија, 22 во Македонија.

Според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, во целата акција се запленети 700 килограми смеса за правење дрога. Во Македонија се запленети пет килограми смеса за правење хероин.

МВР користела посебни истражни мерки при утврдување на вмешаноста на осомничените, како прислушување и следење.

Франкфуртската мафија оперирала околу 10 години и иако сѐ уште не е уништена, уапсени се повеќе од 500 луѓе во Холандија, Австрија, Германија и во Македонија, од кои 460 се уапсени во Германија, а 70 во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top