| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија во Косовска Митровица

kosovska mitrovicaРано утрово северниот дел на Косовска Митровица ја потресе експлозија. Нема повредени, јвуваат медиумите. Иинцидентот се случил на неколку метри од зградата на „Телеком“. Врз зградата е причинета мала материјална штета. Припадници на Косовската полициска служба и ЕУЛЕКС се наоѓаат на местото и во тек е увидот.
Заменик регионалниот директор на Косовската полиција Ненад Ѓуриќ изјави дека експлозивната направа е фрлена врз една напуштена и разурната зграда која се наоѓа на неколку метри од зградата на Телекомот.
Местото каде дошло до експлозијата се наоѓа на 200 метри од главниот ибарски мост во мултиетничката населба Бошњачка махала. Ова е втор сериозен инцидент во последните 24 часа на северот на Косово, откако вчера во заседа беше убиен припадник на ЕУЛЕКС на патот Косовска Митровица-Рашка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top