Комисијата за лустрација штотуку објави дека екс-министерот Чокревски и уште 11 лица вклучени во акцијата за следење „Темел“ од 1996 година, од студентските протести, па сè до октомври 1998 година, до промена на власта, ја злоупотребиле функцијата и незаконски го следеле врвот на тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Четворица од лустрираните се претходно веќе лустрирани, кажа портпаролот на комисијата, а за седуммина се проверува дали се меѓу живите. Комисијата едногласно, со исклучок на Чедомир Дамјановски, гласала дека „Темел“ била од идеолошки причини и била незаконска.
Чедомир Дамјановски, кој е против, смета дека „Темел“ била законска бидејќи се следеле лица за кои постоел сомнеж дека работеле на уривање на уставниот поредок на државата. Тој направи паралела со актуелната полициска акција „Шпион“ за која полицијата кажа дека лицата ги следеле две години. Дали ако „Темел“ е незаконски, „Шпион“ е законско следње, запраша Дамјановски по седницата.
Претходно, како наредбодавател беше лустриран и професорот Љубомир Фрчкоски, кој ја извршуваше истата функција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




