| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ на 465 место од 500 НБА играчи

ANTIC

Според рангирањето на ТВ каналот ЕСПН македонскиот професионалец и капитен на националниот тим, Перо Антиќ, е на 465 место од вкупно 500 рангирани играчи во американската професионална лига. Специјалниот панел на ЕСПН ги рангира играчите врз база на предвидувања за нивниот квалитет и квантитет на очекуван придонес за тимот. Со оглед на тоа што Антиќ за Атланта потпиша на 25 јули оваа година и нема изиграно ниту еден меч во НБА лигата ова е одлична позиција за македонскиот капитен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top