Во петок оставете ги автомобилите дома. Со цел да се допре до свеста на граѓаните Министерството за животна средина и просторно планирање и делегацијата на Европската унија во Република Македонија организираат велосипедско дефиле. По повод Европската недела на движење, под мотото „Чист воздух – ти си на потег“, в петок од 10.30 до 13 часот во Скопје ќе се одржи и дефиле под мотото „Во град без мојот автомобил“.
Град Скопје ги повикува сите граѓани и институции в петок да ги остават паркирани своите возила и да се одлучат за јавниот градски превоз, да ги земат своите велосипеди или да пропешачат до своите работни места и да дадат придонес за зачувување на животната средина.
Велосипедското дефиле ќе стартува кај Портата „Македонија“, а ќе заврши во Градскиот парк, каде што ќе се организира лотарија за доделување на 16 велосипеди и две „тетоважи“ за велосипеди на учесниците во дефилето, како и саем на велосипеди од познати светски брендови, бесплатна работилница за поправање велосипеди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште една европска метропола ги забранува старите автомобили
-
О2 коалиција за чист воздух: Срамота е власта на заштитата на Водно да ѝ дава меѓуетнички контекст
-
Неверојатни сцени: Поплава ги однесе сите џипови од салонот за автомобили, штетата е милионска
-
Фирмата „Деклус-ауто“-донатор на СДСМ повторно доби тендер за возила


