| четврток, 6 декември 2018 |

В петок оставете ги автомобилите дома

sep dozd skopje 4Во петок оставете ги автомобилите дома. Со цел да се допре до свеста на граѓаните Министерството за животна средина и просторно планирање и делегацијата на Европската унија во Република Македонија организираат велосипедско дефиле. По повод Европската недела на движење, под мотото „Чист воздух – ти си на потег“, в петок од 10.30 до 13 часот во Скопје ќе се одржи и дефиле под мотото „Во град без мојот автомобил“.

Град Скопје ги повикува сите граѓани и институции в петок да ги остават паркирани своите возила и да се одлучат за јавниот градски превоз, да ги земат своите велосипеди или да пропешачат до своите работни места и да дадат придонес за зачувување на животната средина.

Велосипедското дефиле ќе стартува кај Портата „Македонија“, а ќе заврши во Градскиот парк, каде што ќе се организира лотарија за доделување на 16 велосипеди и две „тетоважи“ за велосипеди на учесниците во дефилето, како и саем на велосипеди од познати светски брендови, бесплатна работилница за поправање велосипеди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top