| четврток, 6 декември 2018 |

ЛШ втор ден, дерби во групата Ф

После вчерашните постигнати 30 гола од првото коло на Лигата на шампионите, екипите кои денеска ќе настапат ќе имаат невозможна мисија да го надминат тоа достигнување.

За дерби на вечерта можеме да го прогласиме дуелот помеѓу Олимпик Марсеј против Арсенал, но не е за потценување и натпреварот на кој силно појачаниот Наполи ќе го пречека тимот на Борусија Дортмунд.

Челзи не би требало да има проблеми да дојде до трите бода против екипата на Базел, а Шалке пак е мал фаворит против Стеауа.

Во групата Х не би требало да дојде до изненадување, поготово на Ноу Камп каде Барселона го пречекува Ајакс, а пак Селтик ќе патува во Милано, каде ќе имаат тешка работа против росонерите.

Група Е

Шалке – Стеауа

Челзи – Базел

Група Ф

Олимпик Марсеј – Арсенал

Наполи – Борусија Дортмунд

Група Г

Австрија – Порто

Атлетико Мадрид – Зенит

Група Х

Милан – Селтик

Барселона – Ајакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top