| четврток, 6 декември 2018 |

Го удрил гром и се расипал 2 пати – воз патувал 32 часа од Белград до Бар

Рекордни 32 часа патување му биле потребни на меѓународниот воз кој завчера тргнал од Белград, а на крајната дестинација во Бар пристигнал утринава во 4:00 часот.

Возот уште на станицата во Белград тргнал со 80 минути задоцнување, за потоа да се расипе во Барајево, каде стоел до 7:00 часот наутро, во Колашин стигнал дури вчера во 22:50, јавуваа подгорички „Вјести“.

Тогаш започнало патешествието на патниците, зашто набрзо повторно застанале во тунелот кај Колашин и тука останале седум часа. Дури околу 23 часот синоќа тргнале за Подогорица од Колашин, а на крајната дестинација пристигнале потполно исцрпени утринава во 4 часот.

Од црногорската железница со објаснување дека за се е виновно невремето, односно ударот од гром, на раскрсницата кај Лутово, во 15:53 кој предизвикал хаварија во енергетскиот строј и предизвикал прекин на железничкиот сообраќај.

Патниците биле исцрпени и меѓу нив имало болни, како и деца, на кои им била доставена храна и пијалоци.

– Луѓето се огорчени. Една жена ми бараше млеко за своето дете, а на друга и се слоши. Возот беше полн со преморени луѓе. Имаше стари, болни и деца. Ужас. Кондуктерите немаа никаква информација. Теренот беше непристапен инаку многумина ќе го напуштеа. Стоевме во таа недојдија со часови – објаснува за „Вјести“ еден патник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top