| четврток, 6 декември 2018 |

Штепанек се разведува поради 11. тенисерка во светот

Љубовна сапуница на прагот во чешкиот тенис, чешкиот тенисер Радек Штепанек е пред развод, а причина за тоа е во моментов најдобрата тенисерка од Чешка, Петра Квитова.

Медиумите веќе подолго време зборуваат за романтичната врска помеѓу Штепанек и Квитова, која моментално е на 11. тенисерка во светот. Заедно биле видени на полуфиналето од Дејвис купот, но за сега не сакаат јавно да зборуваат дали има вистина во сето ова, иако фотографите ги фатиле како се бакнуваат без да се кријат.

Цела оваа приказна не би имала проблем да Штепанек не е во брак. Чешкиот тенисер кој ја доби етикетата на заводник е во брак со поранешната тенисерка Никол Ваидисова, а прашање на време е кога нивниот брак ќе се распадне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top