| четврток, 6 декември 2018 |

Случајот Шпион ќе биде најтаен судски процес до сега?

presuda

Истрагата за полициската акција Шпион ќе се води во тајност, што е вообичаена практика, но во овој случај истрагата ќе биде завиена во дополнителна тајност, бидејќи се работи за исклучително доверлив доказен материјал, пишува Телеграф.мк.

 Доколку документацијата од случајот која е класифицирана, влезе во доказната постапка при судењето постои голема можност процесот да биде затворен за јавноста.
– Судиите кои работат во кривичната материја сите имаат безбедносен сертификат со кој им е дозволен пристап до класифицирани информации. За декласификација на документите треба да се побара дозвола од Министерството за внатрешни работи, појаснува за Телеграф претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top