Вечерва од 19 часот и 30 минути со возот на релација од Скопје до Битола, продолжува внатрешниот железнички сообраќај, по вчерашниот прекин од вработените во МЖ Транспорт,
заради неисплатени плати и придонеси на вработените, пренесува Курир.
Дел од машиновозачите се согласиле да се прекине протестот по разговорите со ресорниот министер Миле Јанакиески, во кои им била дадена потврда дека доколку МЖ Транспорт се соочи со предизвик, во тој случај Владата ќе ја исплати половината од заостанатата плата за месец декември.
Со возењето, машиновозачите ќе придонесат за нов приход за претпријатието и нема да ги загрозат пратките на компаниите и превозот на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.