| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкуловска со детали за „Шпион“: Групата и шпионирала и изнудувала пари

Gordana_jankulovska-604x272Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, информираше дека до Јавното обвинителство се поднесени кривични пријави за 20 лица за злосторничко здружување, шпионажа, злоупотреба, уценувања и измама. Сегашни и поранешни вработени во Агенција за разунавање, заедно со другите создале злосторничко здружување за шпионажа.

Петмина за потребите на странски служби прибирале  класификувани документи – за безбедносните институции, политичката состојба, состојби околу избори, општа состојба, програми и планови за странски служби, податоци во верски заедници, податоци за други агенти и други информации. Нив ги давале на првоосомничениот, кој со сателитски врски ги доставувал до странските служби, но, исто така, за дел од нив и лично ги доставувал.

Кон групата во 2010 година се приклучил и еден од военото разузнавање, како и вработен во Телеком. Воениот разузнувач и во 2005 година  и во 2006 година вршел шпионажа, додека другите со тоа почнале да се занимаваат од 2010 година. Во меѓувреме вршеле и уцени и измами со податоци за лица од јавниот живот и за бизнисмени. Со тоа им изнудувале пари, односно со закани за објавување лажни факти и документи на одредени сајтови што се контролирани од здружението.

За таа цел, преку вработен во Државниот архив, обезбедувале документација, односно досиеја. Неговата работа била да прави копии од досиеја, да ги предава на здружението. Потоа тие ги предавале до сопственик на порталот заедно со поранешен директор на Управата за спречување тероризам и перење пари.

Министерката Јанкуловска информира дека досега е направен претерес кај 17 лица, во 30 објекти, меѓу кои и службени простории во Скопје. Одземени се 1.095 парчиња муниција, 125 вержбовни куршуми, 81 компјутер, сим-картички, фотоапарати, 22 парчиња огнено оружје, касети, печати, камера, гпс-тракер, радиоврска, како и документи со класификувана содржина. Сето тоа е предадено на вештачење.

Од сите обвинети се трага по тројца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top