Министерката за култура, Елизабета Канческа – Милевска вчера во Битола на промоцијата на дивиди-изданието на филмовите на Јанаки и на Милтон Манаки беше фотографирана со ќеркичката на Лабина Митевска, Вега, како влегува во салата.

Ова не е првпат министерката да ги зема в раце дечињата што со своите родители се дојдени на некој настан на кој присуствува и Канческа – Милевска. Летово и на коктелот по повод отворањето на поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“, министерката ја фотографираа со синчето на украинската поетеса Ана Багријана, а, исто така, при снимањето на емисијата за деца „Суперѕвезда“ во објектот на Стариот театар, таа повторно не издржа и зеде едно детенце во прегратка.
Таа не е само успешна жена, која раководи многу важно министерство, туку и жена што има семејство, успева да ги заврши и домашните обврски, а ги сака и децата и секогаш успева да најде време да се дружи со нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


