66 годишниот Американец Стивен Крон, кој ја фасцинираше светската медицина поради неговата отпорност на вирусот ХИВ се самоуби.
Човекот кој не можеше да добие сида како што во 1996 година го нареше Индепендент, доброволно се пријави да биде инфициран од ХИВ, но додека останатите заразени умираа од оваа болест, тој го сочува здравјето без проблеми иако бил изложен на илјада пати поголема концентрација на вирусот. Сепак тој на 23 август сам си го одзел животот.
– Брат ми гледаше како умират сите негови пријатели. Чувствуваше голема грижа на совест поради тоа, изјави неговата сестра Ејми Крон.
Момчето на СТивен Крон , гимнастичарот Џери Грин бил меѓу првите кои починале од сида. Се заразил во 1978 година, а починал четири години подоцна. За сето време Крон се грижел за него. ВО текот на години од оваа болест починале и други негови пријатели, но не и Крон.
Истражувањето спроведено врз него довело до производство на лекот „маравирок“ кој спречува ширење на инфекцијата кај пациенти заразени од ХИВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.