| четврток, 6 декември 2018 |

Надреална сцена во Лесковац: Раде Шербеџија на полноќ му пеел на споменикот на Тома Здравковиќ

Еден од најголемите актери од поранешна Југославија, Раде Шербеџија запеал покрај споменикот на починатиот пејач Тома Здравковиќ, известуваат српските медиуми.

Актерот се наоѓа во лексовац како гостин на фестивалот на филмска режија, LIFFE, а по повод отворањето на фестивалот одржал и концерт. Шербеџија после концертот побарал од домаќините да му го покажат споменикот на починатиот пејач во центарот на градот во кој ја започна својата кариера.

-Веднаш го однесоа таму. На полноќ. Не го криеше возбудувањето. Тие беа пријатели. Стоевме околу споменикот, а тој како да разговараше со Тома. Говореше за него, му се обраќаше на споменикот, а потоа одеднаш почна да ја пее песната на Тома, Го допрев дното на животот“ (‘Dotakao sam dno života’), раскажуваат сведоците на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top