| четврток, 6 декември 2018 |

Ибра по фудбалот ќе стане судија по теквондо

Ал Пачино и Диего Марадона се луѓе кои Ибрахимовиќ би ги однел на вечера.

„Марадона и Пачино се јавни личности кои најмногу ги ценам. Само со нив би седнал на вечера и со мојата девојка нормално“, изјави Ибрахимовиќ.

Напаѓачот на ПСЖ гледа многу сличности помеѓу него и славниот Аргентинец, а најмногу поради тоа што ниту двајцата го немаат кренато пехарот во Лигата на шампионите.

По завршувањето на фудбалската кариера веќе знае која е неговата следна професија.

„Имам црн појас по теквондо, го обожавам тој спорт, а имам и положено и за судија. Веќе неколку  пати ме поканија да судам на некои поголеми натпревари, но не можев поради фудбалската кариера. Штом завршам веднаш се селам на тој спорт“, додаде Ибрахимовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top