| четврток, 6 декември 2018 |

Му бараат девојка само за да остане

Навивачите на Севилја имаат одлична идеја како да го задржат германскиот репрезентативец Марко Марин во своите редови.

Играчот на Челзи ова лето дојде во Севилја како позајмен играч за цела сезона, а после неколку натпревара веќе стекна голем респект од шпанските навивачи.

Планот на навивачите на Севилја е да му најдат девојка на Марко која ќе го “натера“ да посака да го раскине договорот со Стемфорд Бриџ по завршувањето на позајмицата  и да се пресели во редовите на шпанска Севилја.

Најверојатно се водат од фактот што Иван Ракитич си ја најде љубовта во овој град и остана во Севилја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top