– Целта беше да се утврди дали може да се одгледаат растенија во вселената. На крај заврши успешно. Сега научно се провери дека и на далечни вселенски патувања може да се пратат растенија. На актуелните мисии за Марс и за другите делови од вселената – објаснува Станковиќ за Канал5.
Тој е научник од САД и проректор на Универзитетот Свети Апостол Павле во Охрид. Покрај био-технологијата има и друга кариера. Тој дипломирал интелектуално право, а воедно предава на познатиот чикашки универзитет Лојола и е познат адвокат за патенти.
– Па сум се грижел за патенти на чипови и за нови био-технолошки пронајдоци – вели професорот Станковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.