Братислав Станковиќ, роден во Македонија, а научник во Америка, со својот тим и помогнаl на НАСА да одгледаат растенија на вселенската станица.– Целта беше да се утврди дали може да се одгледаат растенија во вселената. На крај заврши успешно. Сега научно се провери дека и на далечни вселенски патувања може да се пратат растенија. На актуелните мисии за Марс и за другите делови од вселената – објаснува Станковиќ за Канал5.
Тој е научник од САД и проректор на Универзитетот Свети Апостол Павле во Охрид. Покрај био-технологијата има и друга кариера. Тој дипломирал интелектуално право, а воедно предава на познатиот чикашки универзитет Лојола и е познат адвокат за патенти.
– Па сум се грижел за патенти на чипови и за нови био-технолошки пронајдоци – вели професорот Станковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


