| четврток, 6 декември 2018 |

Меморандумот за ЕУ без два потписа

sobranie-bez-opozicijaМеморандумот за ЕУ, со кој политичките партии се обврзуваат дека без одлагање ќе работат на критериумите потребни за Европското членство, денеска ќе останe без потписите на ДПА и на Либералната партија.

Се очекува Имер Алиу, координаторот на ДПА за кратко време да ја образложи оваа постапка на партијата.

Либералот Ивон Величковски, пак, смета дека овој документ би имал смисла само ако Платформата за интеграциите и решавање на спорот за името, предложена од оваа партија се најде најде на Собраниска седница.

На Меморандумот за исполнување на стратешката цел за членство на земјата во Европската унија предвидени се потписи од сите парламентарни партии.

Текстот Меморандумот, инициран од ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од мартовскиот договор и со него партиите- потписнички се обврзуваат континуирано и без одлагање, во рамките на институциите, да ги спроведуваат сите активности и реформи потребни за исполнување на критериумите за членство во ЕУ, односно, ќе обезбедат конструктивна поддршка.

Потписот ги обврзува партиите да се воздржат од активности кои би го попречиле или негативно би влијаеле на пристапниот процес. Со тоа, несогласувањата или различните мислења ќе се надминуваат со меѓусебен дијалог во рамките на институциите, пред се во Собранието. Ќе вложат напор за постигнување на усогласени ставови или решенија во однос на надминување на предизвиците со кои се соочува Република Македонија во пристапниот процес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top