| четврток, 6 декември 2018 |

Правете ајвар на струја, ќумбињата се забранети

ajvar

Според Законот за јавна чистота нигде не е предвидено дека правењето ајвар на јавни површини е казниво дело. Тоа што е казниво е, всушност, поставувањето ќумбиња на отворено, палење оган и оставање неред. И покрај тоа што по оваа основа инспекторите може да казнуваат, тие признаваат дека досега ниту еден граѓанин не е казнет затоа што правел зимница на јавни површини, пишува Вечер
– Комуналните инспектори и комуналните редари спроведуваат засилени контроли на терен, со оглед на фактот што почнува периодот на правење зимници, но досега оваа година по овој основ не е изречена казна. Засилените контроли од страна на градските комунални инспектори и редари ќе продолжат и во наредниот период – велат од Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top