| четврток, 6 декември 2018 |

Српско-босанска јутјуб војна по тепачката во Јесенице (видео)

srbi i bosanci

На 5 септември годинава „Република“објави видео од немирите во словенечко Јесенице за време на ЕП во кошарка. Тогаш силни полициски сили интервенираа откако дојде до пресметка меѓу навивачите на Босна и Херцеговина и Србија.

Инцидентот се случил откако додека босанските навивачи минувале покрај група на српски фанови дел од присутните почнале да извикуваат „Нож, жица, Сребреница“. Неколкумина од учесниците во тепачката беа приведени, а неколкумина беа полесно повредени.

Видеото стана место за преписка помеѓу Босанците и Србите. На каналот на Република на јутјуб, се оставени над 1 000 коментари… Дали пред 1912 година имало Срби на Косово, кој го окупираше Косово, дали Турците им ги изградиле црквите на Србите, кој ја обновил патријаршијата од 1346 година, дали Турците или браќата Соколовиќ…ова се само дел од дебатите помеѓу Босанците и Србите под видеото на Република. Низа навреди на верска основа, многу различни истории за ист временски период…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top