Бројот на загинати во денешните напади на бунтовници во Ирак воглавно во шиитски населени места во централните и источни региони во таа држава, се искачи на 53, а ранети се повеќе до 120 луѓе.
Овој бран насилства од кој е зафатен Ирак, е најголем од 2008 година. Засега никој не ја презеде одговорноста за експлозиите на автомобили-бомби.Најсмртоносните напади се случија во градот Хилах на околу 90 километри северно од Багдад каде во истовремени експлозии на четири автомобили-бомби загинаа 19 луѓе и 15 се повредени.
Во градот само неколку минути по експлозиите на четирите автомобили-бомби одекна уште една бомба која усмрти шест цивили и рани 14.
Според податоци на ОН во Ирак во бомбашки напади од почетокот на април загинаа повеќе од 4.000 луѓе, од кои 804 во август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.